Од денес завршува планот на Европската Унија со којшто изминатите години ги намалуваше сумите коишто операторите можат да им ги наплаќаат на своите корисници додека се во роаминг зона.

Тоа значи дека жителите на ЕУ веќе нема да плаќаат посебни цени за разговорите кога не се во сопствената земја, односно нивните цени според потпишаниот договор со операторот ќе важат во целата унија.

Се разбира, ова не важи за земјите надвор од ЕУ, па не се надевајте дека кога ќе одите на одмор оваа година, ќе плаќате како да сте дома.

Тргањето на роаминг трошоците се однесува како на разговорите и SMS пораките, така и на мобилниот интернет. Сепак, користењето на мобилен интернет ќе има одредено ограничување, односно корисниците на неограничени пакети, сепак ќе треба да платат доколку „претераат“ со користењето како дома.

Исто така, оваа промена нема да им направи голема разлика на корисниците кога ќе се јавуваат во земјата каде што патуваат. Тоа е така затоа што цените ќе биде исти како дома, односно јавувањето ќе се смета дека се прави од домашната земја на корисникот, па технички тој ќе прави повик во странство, иако моментално се наоѓа во земјата каде што врти.

Изминатиот период можевме да прочитаме дека се планира одредено укинување на роаминг трошоците на земјите од Западен Балкан, меѓутоа тоа останува да видиме како ќе биде изведено.

Моментално македонските оператори имаат летни понуди за пониски цени за разговорите кога вртите од странство кон дома, а исто така достапни се и одредени пакети за мобилен интернет.

Извор: EU

Претходна статијаMicrosoft планира промена на корисничкиот интерфејт на Cortana
Следна статијаНаучници го креираа најтенкиот магнет досега, ќе придонесе за уште побрзи компјутери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.