Познато е дека гејмерите, како и други групи, како на пример фанови на бендови, се „склони“ кон голема почит кон брендот којшто е дел од нивниот живот, па продажбата на дополнителни производи под тој бренд е голем бизнис.

Покрај оваа логика, пак е за изненадување и чудење дури што од Microsoft се имаат одлучено да направат соработка со компанија која произведува дезодоранси и слични производи.

Како и да е, на пазарите во Австралија и Нов Зеланд, не е познато дали ќе биде проширена достапноста, ќе може да се купат дезодоранс, спреј за тело и гел за туширање под брендот на Xbox.

Производите се направи од страна на Lynx, компанијата која стои зад познатите Axe производи за кои пишува дека надвор од САД се користи Lynx брендот, но кај нас повторно се достапни под Axe, сеедно.

Гејмерите и фанови на Xbox конзолата од Microsoft, сега ќе можат да ја одржуваат својата хигиена и „добар мирис“ со производи кој го носат брендот на нивната омилена конзола за игри. Дали е ова нешто кое тие го бараат и сакаат, не е познато, но верувам дека од Microsoft сепак имаат направено некакво истражување на пазарот пред да се одлучат за овој потег.

Интересна е реакцијата на креаторот на Xbox, кој толку е збунет и можеби изнервиран од одлуката, што истакнува дека нема коментар, а еве неговата изјава на Twitter во продолжение.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2GameSpot
Претходна статијаНеоком стана „Златен партнер“ на Dell EMC
Следна статијаApple ја одржа WWDC 2019 конференцијата – што беше претставено на истата?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.