Angie_and_Me

Многу од нас сме зависни од информации. Постојаното ѕиркање кон телефоните и таблетите за да се провери што „ново“ дошло на Facebook како и да се сподели нешто од „огромна“ важност со другите кои никогаш не ги ни гледате во материјалниот свет е зависност на стотици милиони луѓе во целиот свет.

Ваквата зависност значително ја намалува продуктивноста, ги прави луѓето раздразнети и неспособни да држат внимание повеќе од осум секунди, им се намалува самодовербата и задоволството со сопствениот живот, им се зголемува нивото на депресија и стравот од пропуштање…

Па сепак, ретки луѓе успеваат да ги баталат уредите од своите раце и да не се ѕверат во нив постојано, дури и кога се во друштво. За да ја демонстрира драматичноста на оваа зависност и да го насочи вниманието кон оваа појава, уметникот фотограф Ерик Пикерсгил ги ретушира фотографиите кои ги прави со тоа што ги вади преносните уреди од сликата.

3052307-inline-s-5-this-photographer-removes-our-phones

Крајниот резултат се луѓе кои се ѕверат во своите раце, а не си обраќаат внимание едни на други. Сликите се очекувано бизарни и според него укажуваат на погрешноста во прифаќањето на ваквиот бон-тон кој го оправдува користењето на уреди насекаде и во друштво на други луѓе, кое во основа е невоспитано и безобѕирно.

Тој вели дека многу луѓе го прашале зошто смета дека оваа појава е толку раширена, на што одговорил: „Бидејќи луѓето се ОК со сето тоа. Кога луѓето прифаќаат користење на уред во друштво на други луѓе тоа станува нормално“.

3052307-slide-s-8-this-photographer-removes-our-phones

Користењето на уред (телефон, таблет…) во друштво на други луѓе е невоспитано. Вложете максимални напори тоа да не го правите, освен во случаи кога треба да дознаете информација или да извршите операција која е полезна и за тие кои се со вас. Електронската пошта ќе ве почека уште некоја минута, а мозокот ќе ви благодари што не го оптоварувате со непотребни информации.

Извор: FastCoexist, Removed.Social

Претходна статијаОддржан првиот студент – бизнис менторски настан – зачеток на берза на труд
Следна статијаЗемјината орбита полна со отпадоци