Познатата интернет архива, односно страната „Internet Archive“, која има доста вакви интересни и корисни делови, претстави нешто не баш стандардно, наречено „The Calculator Drawer“. Кратко кажано, се работи за онлајн емулатор на дигитрони кои се направени исто како некои од најпознатите од минатото, пред појавата и популарноста на компјутерите и смартфоните.

Со оглед на тоа што се работи за помала бројка на дигитрони кои се имаат користено во САД, можеби нема сите да го пронајдат нивниот, но и покрај тоа дефинитивно е интересно да се пробаат, посебно за нешто постарите корисници.

Проектот е направен со помош на познатите MAME, кои повеќе од 20 години работат на вакви проекти.

Достапни се 14 различни дигитрони, а од нив најстар е TI-81 од Texas Instruments од 1990 година, но на нас не ни е познат, да имаше нешто до Casio, можеби ќе го препознаевме.

Дигитроните се достапни на овој линк, па можете да го пробате тој што ви изгледа познато.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаTuneIn Explorer е како Google Maps за онлајн радио станици
Следна статијаДали веќе го пронајдовте совршениот телефон за снимање интересни содржини? Пробајте го Galaxy A53
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.