Next-Image Awards на Huawei е еден од највозбудливите и реномирани натпревари за љубителите на мобилна фотографија и видеографија, каде веќе над 20 илјади учесници од цела Европа ги доставија своите дела. Во трка се, покрај престижното учество на глобалното натпреварување, три Гран-При награди во вредност од 10.000 долари, како и најновиот, неверојатниот Huawei P40 Pro со 8GB + 256GB!

За да се ослободите од монотонијата на секојдневниот живот треба да ја уживате убавината од различни перспективи. Фотографијата е одличен начин да се запознаете со сѐ што е прекрасно околу и да го споделите со светот. Запознајте се со изборот на уредникот од најдобрите дела доставени досега и ослободете ја вашата креативност во Huawei Next-Image Awards 2020.

Сите создаваме

Креативноста нема граници. Учесниците на Huawei Next-Image Awards 2020 докажаа дека креативноста лежи во секој од нас и потребно е само малку за да ја ослободиме и да создадеме нешто чудесно. Натпреварот за мобилна фотографија на Huawei веќе привлече над 700.000 креативци од целиот свет. И вие може да покажете како го гледате светот. Она што секогаш помага е одредена инспирација. Погледнете го изборот на уредникот од најневеројатните дела доставени досега и дознајте дека можете да се инспирирате од сѐ.

Магијата на контрастот

Разноликоста околу нас е неверојатно стимулирачка. Од аспект на фотографијата, вреди да се набљудува и да се долови она што за нас е најубаво. Контрастите се однесуваат и на техниката – обично фотографиите им се попривлечни на луѓето кога имаат поголем контраст.

Контрастот може да се однесува на потенцирање на разликата помеѓу две компоненти на кадарот, разликата помеѓу две компоненти на фотографијата или феномените во однос на бојата, формата или текстурата. Целта е да се потенцира содржината на сликата. Затоа, не плашете се да си играте со контрастите, бидејќи ефектите можат да бидат неверојатни.

Природата маѓепсува со својата убавина

Фотографиите кои во својот фокус ја имаат природата секогаш се зачудувачки. Она што стои зад добрите фотографии на природа е фаќањето уникатен момент, користејќи интересна и лесна техника. Клучот за да се успее е да му дадеме свој печат на креативниот концепт, а софистицираните можности на камерите на Huawei ја прават фотографијата совршена.

Мал совет – кога сакате да ја покажете убавината на природата, неопходно е да се остави простор за “моделот”. Без разлика дали станува збор за елен или птица, важно е да го поставите како “главен” момент на фотографијата, оставајќи повеќе простор пред него отколку зад. На овој начин ќе ја потенцирате динамиката и ќе ја задржите хармонијата на композицијата.

Еден минлив момент

Фотографиите се повеќе од само неколку моменти, тие служат и како водич до паралелна реалност. Една фотографија е доволна за да го покаже шармот зад необичниот момент. Секако, не е лесно да се “фати” баш тој момент, но вреди да се проба, бидејќи сигурно ќе биде незаборавен сувенир за многу години.

Понекогаш помалку е повеќе

Фотографиите богати со детали може да бидат импресивни. Сепак, понекогаш вишокот елементи ги прави пораката зад фотографијата и концептот нејасни. Кога фотографирате, вреди да се размисли што сакаме да кажеме и да се фокусираме на изложување на клучните елементи, како што е убава нијанса на црвена, оригинална композиција или аура на сцената.

Како и да е, вреди да го запаметиме непогрешливиот принцип на трипартитно делење на кадарот на три еднакви дела, хоризонтално и вертикално. На места каде што се пресекуваат вертикалните и хоризонталните линии, создадени се таканаречени “силни точки” и тука треба да ги поставиме главните мотиви, оние што треба да го привлечат вниманието на гледачот и да му дадат чувство на хармонија.

Биди инспирација

Веќе ги видовте најдобрите дела од конкурсот досега, веќе не трошете време и едноставно зграпчете го својот Huawei и станете инспирација за учесниците од целиот свет. Пријавувањето на Huawei Next-Image Awards 2020 се прифаќа до 18 часот по средноевропско време, на 31 јули!

Натпреварот е отворен за сите корисници на Huawei кои сакаат да истражуваат различни перспективи и да ја откријат визуелната убавина на животот.

Може да ги доставите вашите фотографии / видеа во 6 различни категории, и тоа:

  • Near Far
  • Good Night
  • Hello, Life!
  • Faces
  • Live Moments
  • Storyteller

Секој учесник има шанса да добие некоја од следните награди:

  1. Гран-При: Фотограф на годината (3 победници)
    • $10,000 NEXT-IMAGE Creation Fund
    • HUAWEI P40 Pro (8GB+256GB, рандом боја)
    • Електронски сертификат
  2. Победници во категорија (15 победници)
    • $1,000 NEXT-IMAGE Creation Fund
    • HUAWEI P40 Pro (8GB+256GB, рандом боја)
    • Електронски сертификат
  3. Второ место (50 победници)
    • HUAWEI P40 Pro (8GB+256GB, рандом боја)
    • Електронски сертификат
  4. Почесни споменувања (5 победници)
    • HUAWEI P40 Pro (8GB+256GB, рандом боја)
    • Електронски сертификат

За повеќе информации за HUAWEI NEXT-IMAGE 2020 и како да учествувате, посетете ја официјалната веб страница: Huawei Next-Image Awards 2020

Претходна статијаДостапна јавната бета од iOS 14 за сите заинтересирани корисници
Следна статијаWizz Air објави 25% попуст на одредени дестинации