skycycle

На сите што редовно возат велосипед сигурно им е јасно колку проблематично истата активност може да претставува, пред се поради се помалиот простор наменет за велосипедистите, како и непочитувањето на истите од страна на останатите учесници во сообраќајот. Поради оваа причина, како и зголемениот број на несреќи кои им се случуваат на велосипедистите, Norman Foster, кој и самиот е велосипедист ентузијаст, преку неговата компанија за архитектура и дизајн претстави еден многу амбициозен и интересен концепт.

Се работи за изградба на цела мрежа на велосипедски улици над постоечката железничка мрежа во Лондон. Идејата е да се изградат улици наменете само за велосипедистите со вкупна должина од околу 220 километри низ целата површина на градот. Истите би биле поврзани со повеќе од 200 приклучни точки и би биле на околу 100-тина минути оддалечени од повеќето живеалишта. Сега за сега ова е само концепт кој што треба да биде одобрен и би бил изграден за околу 20 години. Тимот позади концептот е во процес на собирање на средства за изработка на студија за почетни 6,5 километри од целиот проект, како тест, а истиот би чинел околу 260 милиони евра.

Ова е нешто што сигурно би им се допаднало на велосипедистите во Скопје, па можеби би мотивирало повеќе луѓе да почнат да возат велосипед, нешто што значително би влијаело на квалитетот на воздухот.

Претходна статијаMonsieur машина за коктели
Следна статијаGoogle Chrome 32 достапен, донесува Chrome OS интерфејс за Windows 8
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.