Научниците од Торонто изгледа немаат многу попаметна работа, па решија да се позанимаваат со малку статистика. Нивните симулации одредија точен процент Tesla Roadster-от кој беше лансиран на 6ти месецов да се врати на планетата Земја.
Секако евентуалното враќање ќе изгледа многу помалку театрално од она што го изведе Falcon Heavy пред 15-тина дена. Истото би можело да се случи во периодот од наредните 3 милиони години. И тоа, во првите милион години, веројатноста изнесува само 6% планетата Земја да се најде на траекторијата на Roadster-от. За период од уште 2 милиони години процентот ќе се зголеми речиси двојно, односно 11%.
Траекторијата на објектот кој во вселената се однесува како слободно тело го одредуваат гравитационите полиња на крупните вселенски тела. Откако беше лансиран и излезе од атмосферата на нашата планета, тој се движи во насока контра сонцето под инерција на залетот земен во Земјиниот гравитациски простор. Брзината со која во моментов се движи е нешто над 12.000 км/ч. Патеката по која ќе се движи е директно во зависност од гравитационите полиња на планетите на кои во иднина „ќе налета“. Па затоа не возможно е конкретно да се каже каде и во кое време ќе се најде овој вселенски „патник“.
Проценките кои ги претставија научниците од Торонто се засновани на симулација, поточно 240 различни симулации. Тие дури предвидоа и некаков си „динамичен животен век“ на автомобилот кој изнесува неверојатни 20 милиони години. Ваквите претпоставки се далеку од реални со оглед на тоа што материјалите од кои е направен автомобилот ќе се декомпонираат далеку пред тоа како последица на огромната радијација во вселената.