Земјотресот во март 2011 година, кој предизвика цунами кое го погоди брегот во Јапонија каде е лоцирана нуклеарната централа на TEPCO во Фукушима, ја предизвика една од најголемите нуклеарни катастрофи во светот.

Цунамито предизвика колапс во неколку од реакторите на централата, којшто вработените не успеаја да го спречат, по што дојде до истекнување на поголема количина на радиоактивна материја.

За среќа досега не се пријавени смртни случаеви директно поврзани со настанот, меѓутоа уште долго време ќе се мерат штетите во ова се’ уште непогодно за живеење место.

Од компанијата веќе одреден период се обидуваат да дојдат до некаква претстава за тоа во каква состојба се реакторите кои сега се наоѓаат длабоко во морето. Поради големата количина на радијација, тоа се покажа како потешка задача, дури и за автоматизираните возила кои ги испраќаа.

Сега, сепак ги имаме првите снимки направени од регионот каде што се наоѓаат реакторите, па тимовите на компаниите кои работат на санирање на штетите во регионот можат да добијат подобра претстава за состојбата на терен.

Извор: National Geographic, Japan Times

Претходна статија#InstaMeetSkopje – 5 години од првиот собир на македонските Инстаграм корисници, нова дружба во градскиот парк во Скопје
Следна статијаНорвежани градат целосно автономен брод
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.