Haceker Rank
Фото: PC World

Компанијата Hacker Rank го објави годинешниот извештај кој се однесува на трендови и статистики од областа на програмирањето. Артиклот е пишуван врз основа на низа параметри како на пример очекувањата од условите за работа, технологиите или техниките на работа кај програмерите.

Членовите на Hacker Rank заедницата учествувале во извештајот со одговарање на претходно подготвен прашалник. Интересен податок „исплива“ откако уредништвото го поставило прашањето: На која возраст имате започнато со кодирање? Испитаниците на возраст помеѓу 18 и 24 години во големо мнозинство одговориле дека имаат започнато со кодирање како тинејџери. Дури 68% од нив велат дека практично почнале да се занимаваат со кодирање помеѓу 16-тата и 20-тата година. Ако овој податок се спореди со постарата генерација се забележува интересен тренд. Имено, родените пред 35 до 44 години, велат дека прв пат кодирале некаде помеѓу 5-тата и 10-тата година. Солидни 12,2% имале чест да бидат меѓу првите кои поседувале персонален компјутер во домот.

Ваквите податоци се поклопуваат со возраста на луѓето и времето кога се појавени првите персоналци од марките Commodore, Acron. Компјутери кои функционираа на нешто што денес не би можело да се нарече оперативен систем. Трендот произлегува просто од потребите на луѓето кои располагале со особено скромна понуда на софтвер.

Другиот аспект „виновен“ за ваквиот тренд е комплицираноста на програмирањето денес. Компјутерите и софтверот неверојатно напредуваа изминатите декади, а пропорционално со тоа се развиваа и новив програмски „дијалекти“. За да се биде успешен програмер, денес е потребно да се биде вистински програмски пологлот.

Во секој случај кодирањето денес е една од најпопуларните професии и бележи огромен раст од година во година. Она што во 90-тите се нарекувало кодирање од денешна временска дистанца личи на пештерските цртежи од праисторијата. Можеби новите генерации подоцна започнуваат професионално да се занимаваат со кодирање, но стартната позиција им е далеку поповолна.

Извори: TheNextWeb, HackerRank

Претходна статијаПатент од Samsung покажува екран со мали дупки за сензорите и камерата
Следна статијаМарк Бениоф, Salesforce: Друштвените мрежи да се регулираат со закон како цигарите