Основачот и директор на Nothing, компанијата која тврди дека го менува монотониот и неиновативен пазар на смартфони, Карл Пеи, објави уште една видео рецензија, овој пат за смартфон од неговата прва компанија во која беше ко-основач.

Првата рецензија која ја објави Пеи беше за iPhone 14 Pro, а сега за OnePlus 11. Овој телефон е од највисоката класа, оваа година нема да има повеќе варијанти и има почетна цена од 700 долари, нешто што ќе го направи доста привлечен на пазарот.

Карл Пеи, како ко-основач на OnePlus, има што да кажа за овој телефон, а тука се секако пофалби, но и критики поврзани со дизајнот и одредени ситници кои прават голема разлика за тие кои ги забележуваат.

Видеото е во продолжение, па можете да видите што основачот на Nothing и ко-основачот на OnePlus, има да каже за најновиот смартфон од неговата поранешна компанија.

Претходна статијаMicrosoft работи на подобрување на Snap Assist функцијата со помош на вештачка интелигенција
Следна статијаMeta воведе можност за испраќање на еднонасочни пораки до следбениците на креаторите на Instagram
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.