Џон Красински, познат по повеќе филмови и серии, но најмногу по американската верзија од „The Office“ во која го глумеше Џим Халперт, отвори свој YouTube канал кој наликува како доста спонтана идеја.

Каналот секако е замислен да биде хумористичен до одреден степен, а е наречен „SomeGoodNews“. Како што кажува и самото име на каналот, тој е замислен како место каде гледачите ќе можат да видат само добри, позитивни вести.

Отворањето на каналот е инспирирано поради мерките за седење дома, а има за цел да ги покаже позитивните работи кои се случуваат за време на пандемијата со SARS-CoV-2. Па така, тој во своето прво видео прикажува ситуации како оставање на мали поклони за доставувачот од страна на некој човек и слично.

Каналот можете да го најдете на овој линк, а првото видео, во кое го има и Стив Карел, можете да го погледнете во продолжение.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаMessenger може да добие автоматско споделување на моменталната активност и локација
Следна статијаСамо еден процент од возилата на патиштата во Европа во 2018 година биле електрични
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.