Естонија, бесплатен превоз

Естонија е земја која во многу работи дели заеднички моменти со Македонија. Се осамостоија во 1991 година како и ние, доаѓајќи од Советскиот Сојуз, нешто слично како што Македонија произлезе од Југославија. По бројност на жители имаат преку 1 300 000 жители, додека Македонија брои околу 2 000 000, што и не е некоја голема разлика во бројноста меѓу двете земји.

Сепак, Македонија и Естонија колку што навидум изгледаат слични, толку и се разликуваат, но најмногу по развојот. Естонија по осамостојувањето многу инвестираше во ИТ инфраструктира и обука на кадри, што резултираше во тоа да отворат бројни консултантски и outsource фирми и тоа позитивно влијаеше на нивната економија.

Она што е најново е дека тие се првата земја која воведе бесплатен државен превоз во светот. А каде сме ние во целата приказна и што можеме да научиме од нивните искуства?

Секој што таму патувал со автобус, воз или метро знае колку знае да биде скап превозот во Естонија. Но, за среќа на нејзините граѓани и за срам за нас останатите во исто време, Естонија одлучи прва во светот да воведе бесплатен превоз. Талин, главниот град на Естонија, а воедно и најголемиот во државата е првиот кој го воведе ова, откако граѓаните пред 5 години гласаа за оваа идеја на референдум.

Главниот човек на канцеларијата на Европската Унија во Талин, Allan Alakula, во интервју објасни зошто е важно локалните луѓе да бидат инволвирани во вакви политички одлуки:

“Одлуката за долгорочни проекти не треба да се сведува само на индивидуални заклучоци на избраниот совет, туку треба да се побара поддршка и од народните маси. Иако локалниот референдум не е правно обврзувачки, мандатот на народното гласање е посилен во споредба со советот.”

Сепак, немој да мислите дека само затоа што нешто е понудено бесплатно е лесно да се изведе, но сеедно е можност и пример за другите нации да ја следат естонската практика во иднина. Во меѓувреме, на нас останатите не ни преостанува ништо друго, освен и понатаму да двоиме од нашиот буџет за транспорт.

Претходна статијаЕлон Маск сака да оценува сајтови и новинари преку сајт наречен…”Правда”?
Следна статијаFacebook најави уште новини – еве за што станува