Фишингот е еден од најстарите, најраспространетите и најштетните видови на сајбер-напади со пораки и техники кои со текот на времето стануваат сè пософистицирани.

Во услови како што е пандемијата со корона вирусот дополнително им се овозможува на криминалците да ги намамат своите жртви. Напаѓачите знаат дека сè повеќе луѓе работат од дома и споделувањето на доверливи информации преку интернет е неизбежно.

Дополнително, во вакви ситуации сите бараат што е можно повеќе информации и голема е веројатноста да кликнат на некој email или порака за која не се свесни дека е напад. А само еден клик е доволен за штетата да биде непроценлива. Затоа е многу важно, да знаете да ги препознате овој вид на напади и што е потребно да направите за да се заштитите.

Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT со поддршка на DCAF – Geneva Centre for Security Sector Governance организира трет бесплатен вебинар, овојпат на тема “Фишинг-напади и како да се заштитите” кој ќе се одржи на 25.12.2020 со почеток во 10 часот.

  • Што се фишинг-напади и како се користат?
  • Како криминалците ги користат овие напади поврзани со пандемијата?
  • Како се користи е-пошта, социјални мрежи и пораки за извршување на овие напади?         
  • Кои сè видови на фишинг постојат?

Ова се само дел од темите кои ќе бидат разработени. Ќе бидат споделени и совети за препознавање и добри практики за најдобра заштита од врвни експерти од областа. Предавачи кои ќе учествуваат на овој вебинар се г-дин Владан Бабиќ и г-дин Душан Вигњевиќ.

Овој вебинар е третиот по ред од серијата бесплатни онлајн вебинари кои ги организира Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT. Ќе се одржи уште еден вебинар во коj ќе бидат опфатени други теми од сајбер-безбедноста.

Научете повеќе за фишинг-напади и како да се заштитите! Обезбедете го вашето место тука.

Претходна статијаЕлон Маск со неколку коментари за најавата дека Apple ќе претстави свое автономно електрично возило во 2024
Следна статијаДокумент од FCC ја потврдува поддршката за S Pen на Galaxy S21 Ultra