Shutterstock.com

Проблемите кои се појавија со лесната достапност на малите беспилотни летала, популарно наречени дронови, е позната на повеќето, а нема кој нема видено некое видео како овие летала се носат прилично блиску до аеродромите.

Американската FAA – Федерална администрација за авијација, дел од Министерството за транспорт, се обидува да ги внесе во системот овие летала, исто како што е случајот со авионите или било кои други летала.

Со оглед на тоа дека вакво нешто е доста тешко да се направи, освен за компаниите кои користат дронови за нивната работа, обичните корисници кои тоа го прават рекреативно не може баш лесно сите да се регулираат и контролира што прават.

Почнувајќи од 2023 година дроновите ќе мора да бидат опремени со уред кој ќе ја испраќа нивната локација, како и локацијата на станицата за контрола на леталото. Оваа информација ќе треба да им биде достапна на властите, со што тие ќе имаат пристап до местата каде има летано дронот, доколку тоа како информација биде потребно.

Ова правило ќе се применува преку обврска за производителите да вградуваат чипови за испраќање на локацијата, а оваа обврска ќе може да се исполни и со додавање на дополнителен уред.

Исто така, од FAA планираат да креираат одредени зони каде слободно ќе може да се летаат дроновите, а истите ќе биде објавени во наредните години.

Правилото за следење на локацијата ќе важи за летала кои тежат повеќе од 250 грама, што значи дека другите помали дронови ќе може слободно да се летаат. Сепак, доколку сопственикот сака да го лета својот дрон во места каде има големи групи на луѓе или навечер, исто така ќе мора да има посебна дозвола.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаSamsung во САД започна со резервација за наредниот Galaxy со што се зголемуваат очекувањата за скоро претставување на Galaxy S21
Следна статијаInPlayer во 2020 како година на предизвици
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.