Сега, секој од вас има можност да биде дел од образовен процес креиран по британски стандарди, да учи под менторство на врвни британски професори, да се стекне со британска државна диплома и да биде дел од големото семејство на Лондон Метрополитен.

Доколку веќе сте запишани и студирате на друг универзитет, а сакате да станете дел од Лондон Метрополитен не грижете се. Сега имате можност да направите трансфер од секој универзитет во земјава и од странство. Процедурата за трансфер се одвива на индивидуална основа. За секој студент посебно се определува кредитната вредност со која може да се трансферира врз основа на студиската програма по која студирал студентот и според испитите кои ги има положено.

Лондон Метрополитен е реномирана високообразовна институција со седиште во Лондон. Традицијата, квалитетот на студиите, како и извонредноста на наставата го прават светски реномиран универзитет и совршен избор на секој иден студент ширум светот. Студиските програми вклучуваат активности кои ја стимулираат интелектуалната љубопитност, имагинацијата и рационалното размислување, а главен акцент се става на стекнување на практични вештини. Дипломата стекната на Лондон Mетрополитен е признаена ширум светот.

За повеќе информации околу начинот и условите за трансфер посетете го следниот линк https://skopjemetropolitan.edu.mk/transfer-to-ba-and-mba-courses/ или јавете се на телефон 02 3140004.

Претходна статијаБразил ќе дозволи учество на Хуавеј во аукциите за 5Г мрежа
Следна статијаПродолжување на роковите за поквалитетни финансиски извештаи