Shutterstock.com

Кина веќе неколку години е „позната“ по тоа што на големо развива и воведува технологија за скенирање на лицата на луѓето. Камери веќе се поставени на полициските службеници, а може да се најдат и на влезовите на одредени јавни места.

Најновото правило кое е воведено во Кина навистина привлекува внимание и го поставува прашањето за приватноста и контролата на граѓаните на земјата.

Поточно, со секое купување на нов сервис од мобилните оператори, покрај стандардните документи, како лична карта и слично, на корисниците ќе мора да им бидат скенирани и лицата и секако поставени во дата база поврзана со нив.

Објаснувањето на властите е дека тоа се прави со цел „заштита на легитимните права и интереси на граѓаните во сајбер просторот“, односно заштита од измами, користење на лажен идентитет и слично.

Воведувањето на оваа мерка дефинитивно може да ги заштити луѓето од тоа што се тврди, меѓутоа проблемот настанува кога ќе се земе во предвид приватноста.

Посебно може да биде проблем доколку серверите каде се чуваат податоците за корисниците бидат хакирани, па хакерите со тоа ќе имаат пристап до доста други сервиси од корисниците, со тоа што добиле пристап до нивните биометриски податоци.

ИЗВОРVB
ИЗВОР 2BBC
Претходна статијаСајбер безбедноста – цел и предизвик на Huawei
Следна статијаСтартап Викенд Скопје – настан кој докажа дека имаме потенцијал за развој на стартапи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.