Сенатори од САД предложуваат закон којшто треба да биде донесен, а кој меѓу другото вклучува и нови начини на којшто населението ќе биде известувано за одредени итни работи, како што се ракетен напад, цунами и слични.

Овие известувања обично се прават преку телевизиите кои сепак во денешно време не се главниот начин на којшто луѓето гледаат филмови, серии и други емисии. Како што ни е јасно на повеќето од нас, Netflix, Hulu, YouTube, а и такви како Spotify, се главниот начин на којшто се консумира содржина во денешно време.

Законот предвидува да овие сервиси се користат за одредени итни известувања, па властите да можат да бидат сигурни дека повеќето жители ќе бидат известени во случај на потреба.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаFacebook воведе синхронизирање на Instagram контактите во Messenger
Следна статијаГолем број на интересни теми и предавачи во септември на Weekend Media Festival
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.