Вкупно 158 од 546 пристигнати иницијативи одат во фаза на финална селекција на јавниот повик КРЕАТОН наменет за креирање на дигитални алатки и решенија за справување со последиците од КОВИД-19.

Сите апликанти чии иницијативи поминаа претселекција, во следните 48 часа треба да изработат на активности и буџет, како и куса видео презентација (pitch) пред Комисијата за евалуација и избор. Комисијата е составена од членови на  Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и ФИТР, а предлозите се оценуваат според степен на иновативност, рок и механизми за реализација, капацитет на проектниот тим и влијание.

Предлог иницијативите нудат решенија во неколку области – во најголем дел се наменети за е-образование, медицина, ИТ платформи за прилагодување на бизнисот во услови на криза, финансии и трговија, како и информирање, култура и слободно време. Решенијата што по завршување на оваа фаза ќе бидат избрани за реализација имаат рок од 15 дена да бидат функционални.

Дополнително, се очекува решенијата да бидат целосно применливи и во нормални услови, по прекинот на превентивните мерки поврзани со КОВИД – 19 вирусот, како придонес кон забрзана дигитализација на општеството.

Вкупниот буџет за повикот е 10 милиони денари, со максимален износ по апликација од 10.000 евра во денарска противвредност.

Овој повик е прва од иницијативите на Фондот за справување со последиците од КОВИД-19. Тимот на ФИТР веќе финализира и нови предлози за поддршка на своите корисници и домашната економја како дополнение на пакетот економски мерки на Владата.

Претходна статијаСамо еден процент од возилата на патиштата во Европа во 2018 година биле електрични
Следна статијаРабота од дома или како повеќе не ни се потребни старите навики за од канцеларија да се „префрлиме” во аголот од дневната соба