Европската Унија и Советот на Европа ќе продолжат да ги поддржуваат реформите во Западниот Балкан и Турција во рамки на човечките права, демократијата и владеење на правото. Продолжувањето на заедничката програма на Европската унија/Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција II” беше најавено на Регионалната конференција која се одржа во Скопје, Северна Македонија на 9 октомври.

Г-дин Никола Димитров, Министер за надворешни работи на Северна Македонија, го отпоздрави продолжувањето на програмата, кое во првата фаза од имплементацијата покажа конкретни резултати. “Северна Македонија е светол пример за Регионот – демонстриравме силна политичка волја за да ги направиме неопходните реформи во сите четирите главни тематски области кои ги покрива оваа програма и го донесовме Европскиот начин на живот тука. Имплементацијата на програмата Horizontal Facility претставува важна поддршка во оваа смисла. Обезбедувањето на правдата, борбата против корупција, анти-дискриминација и слободата на изразување и слободата на медиумите се клучни области во кои е неопходна реформа“, изјави Министерот Димитров.

За г-ѓа Верена Тејлор, Директор, Канцеларија на Генералниот директорат за програми, Совет на Европа, клучната порака на конференцијата која собра повеќе од 200 претставнци од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција, е дека Западниот Балкан и Турција се важни за Европа. “Важни сте ни нам, затоа, ги обединуваме нашите најдобри алатки за да ве поддржиме во процесот на реформите“, изјави во рамки на отворањето на конференцијата.Дополнително, ја нагласи важноста за учеството на претставници од граѓанските организации, со кои Советот на Европа успешно соработува.

“Horizontal Facility се справува со суштински работи допринесувајќи за почитувањето на основните права“, изјави г-дин Колин Волф, Шеф на оддел, Регионална соработка и програми за Западен Балкан, Генерален директорат за добрососедска политика и преговори за проширување, Европска Комисија.  “Луѓето мора да знаат дека нивните права се заштитени и дека е важно да ги задржиме младите луѓе во Регионот; тие треба да знаат дека може да ги остварат своите соништа“, додаде тој. “Заедно, можеме да создадеме Европа која се фокусира на нашите вредности, ги почитува и се грижи за нив“, заклучи Колин Волф.

Втората фаза од Програмата, вредна 41 милион евра, ќе трае до 2022 и ќе го прошири обемот на иницијативата, за прв пат вклучувајќи и теми како слобода на изразување и слобода на медиуми.

Генерално, новата фаза на програмата ќе се фокусира на четири сеопфатни тематски области: обезбедување правда, борба против корупцијата и организираниот криминал, промовирање на анти-дискриминација и заштита на правата на ранливите групи, како и слободата на изразување и слободата на медиумите.

Продолжувањето на програмата се базира на успешната прва фаза од иницијативата, која се одвиваше од 2016 до 2019 година. Иницијативата испорача голем број конкретни резултати како потолерантни училишни средини, како и поефективни анти-корупциски закони и мерки како и зголемување на ефикасноста на правoсудниот систем и овозможување повеќе можности за еднакввост за ранливите групи. Дополнително, иницијативата го подобри затворскиот систем и овозможи повеќе права за затворениците.

Вовед

Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција (Horizontal Facility II) кој ќе се спроведува од 2019 до 2022 година, претставува иницијатива за соработка помеѓу Европската Унија и Советот на Европа во регионот на Западен Балкан и на Турција. Програмата поддржува посебно прилагодени реформски процеси, договорени во согласност со властите и во согласност со релевантните препораки на телата на Советот на Европа надлежни за мониторинг и советување, во полињата на човекови права, владеење на правото и демократијата.

Програмата им овозможува на корисниците да ги спроведат своите агенди за реформите и да ги почитуваат европските стандарди, вклучувајќи ги, онаму каде што е соодветно, во рамките на процесот на проширување на ЕУ. Обезбедена е и прилагодена поддршка заснована на барањата на институциите, која и натаму ќе ги подобрува правните и политичките рамки и ќе ги гради капацитетите на институциите, зајакнувајќи го функционирањето на истите. Програмата има за цел, преку своите активности  да донесе значителни директни подобрувања на животот на граѓаните.

Претходна статијаOpera се приклучува на прелистувачите кои овозможуваат вградено блокирање на „тракери“
Следна статијаА1 Македонија ја одбележува Светската недела за грижа на корисниците