Shutterstock.com

Претседателот Доналд Трамп во текот на вчерашниот ден донесе извршна одлука која слободно може да се каже дека не е никакво изненадување. „Атмосферата“ која се создаде изминатите недели околу кинеската TikTok, јасно беше дека можеше да се очекува и некоја официјална одлука која оди во правец на забрана на апликацијата во САД.

Сега за сега забрана за функционирање на апликацијата нема, а тоа најверојатно е и поради фактот што уште постои шанса TikTok да биде купен од Microsoft, после што веќе би немало проблем апликацијата да постои.

Microsoft во своето официјално соопштение потврдувајќи дека се во преговори со ByteDance, компанијата која стои зад TikTok, најавија дека нивната одлука ќе биде објавена најдоцна до 15-ти септември.

Извршната одлука од претседателот стапува на сила за 45 денови, односно од 20-ти септември. Истата им забранува на сите лица во САД да имаат било какви трансакции со ByteDance, односно со други зборови се забранува соработката со оваа компанија.

Во самата извршна одлука стои детално објаснување за причините поради која истата е донесена, па може да се каже дека голем дел од нив се и логични и може да се реални. Политичката дискусија за одлуката, ќе ја оставиме на другите.

„TikTok, мобилна апликација за споделување на видео содржина, во сопственост на кинеската компанија ByteDance Ltd., е преземена над 175 милиони пати во САД и над една милијарда пати на глобално ниво. TikTok автоматски собира огромни количини на информации од своите корисници, вклучително и Интернет и други мрежни активности, како што се податоци за локацијата и историја на сурфање и пребарување. Ова собирање на податоците се заканува дека ќе и овозможи на Кинеската комунистичка партија пристап до лични и комерцијални информации на Американците – потенцијално дозволувајќи и на Кина да ги следи локациите на федералните вработени и изведувачи, да изгради досиеја на лични информации за уцени и да спроведува корпоративна шпионажа.

TikTok, исто така, наводно, цензурира содржина која кинеската комунистичка партија ја смета за политички чувствителна, како што е содржината во врска со протестите во Хонг Конг и третманот на кипарските Ујгури и другите муслимански малцинства. Оваа мобилна апликација може да се користи и за кампањи за дезинформации во корист на Кинеската комунистичка партија, како на пример кога видеата на „ТикТок“ ширеа побиени теории на заговор за потеклото на Коронавирусот.“ – истакнува претседателот Трамп.

Апликацијата TikTok веќе е забранета во голем дел од владините служби, а овој пример го следат и повеќе компании во САД. Иднината на апликацијата во САД изгледа ќе зависи од одлуката на Microsoft за нејзино купување, а корисниците во САД сепак нема да останат без ваква апликација, а истите можности тие од оваа недела ги имаат во новиот Instagram Reels сервис.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаGalaxy Tab S7|S7+: Нови Samsung таблети за работа и забава
Следна статијаКако успешно да ја креираш својата домашна канцеларија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.