Diablo е игра првично пуштена за PC во 1996 година од страна на познатите Blizzard. Оваа игра е можеби една од најпопуларните игри во тоа време која сигурно голем дел од вас ја паметат. Истата има добиено уште две верзии, а се очекува пуштање и на четврта верзија.

Интересен начин да се покаже колку е напредната технологијата од пред 20 и повеќе години е можноста да оваа игра сега едноставно се игра преку интернет прелистувач. Се што ви треба е да го отворите овој линк од вашиот прелистувач и можете да почнете да ја играте играта. Можно е дури да ја играте и дополнителната верзија доколку ја имате купено на времето.

Играта е направена од страна на „GalaXyHaXz“ со користење на оригиналниот изворен код од истата. Таа е објавена како проект на GitHub, а ова е линкот до истиот за тие кои се заинтересирани.

ИЗВОРTechspot
Претходна статијаGoogle ќе овозможи јавување на броевите за полиција, брза помош и пожарна без потреба од зборување
Следна статијаIntel ја пушти десеттата генерација Ice Lake процесори направени во 10nm технологија и наменети за лаптоп компјутерите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.