FarmVille е најверојатно најпознатата игра која е достапна на Facebook. Иако популарноста не траеше нешто посебно долго време, односно постепено други игри на оваа мрежа почнаа да се играат повеќе, сепак FarmVille беше меѓу првите кои успеаја да привлечат такво внимание.

Играта беше пуштена во 2009 година, а сигурно паметите колку од вашите другари и другарки на сред седење одеа да проверат до каде им се насадите на нивата.

FarmVille, односно нејзината прва верзија на Facebook, ќе престане да функционира до крајот на годината. Причината за тоа е едноставна и е поврзана со веб технологијата на која е направена.

Поточно, FarmVille е направена во Flash, технологија која од Adobe конечно ќе престанат да ја поддржуваат до крајот на оваа година. Поради тоа Facebook веќе нема да поддржува игри направени во Flash, што значи дека тие игри ќе престанат да функционираат.

Корисниците ќе можат да ја играат играта до самиот крај, односно до 31 декември 2020, а нешто порано ќе биде исклучена продавницата преку која можеа да се купуваат работи. По оваа дата, играта веќе нема да биде достапна.

Љубителите на оваа игра и слични, нема да останат без ваква игра. FarmVille има и втора верзија, а се најавува пуштањето и на трета. Овие игри се достапни и надвор од Facebook, што значи дека не мора како на почетокот да се играат само преку оваа друштвена мрежа.

ИЗВОРZynga
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаПовик за изработка на концепт за видео игра за зачувување на животната средина
Следна статијаМакедонски Телеком ќе користи обновливи извори на енергија за своите дата центри
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.