Sony

Играчките конзоли се ретките ИТ производи во денешно време кои не добиваат нова верзија секоја година, па може да се замисли исчекувањето кое го имаат гејмерите кога е време за тоа.

Sony отсекогаш имале мала предност пред Xbox на Microsoft, па информациите кои доаѓаат за PlayStation 5 сигурно ќе го привлечат вниманието на повеќето.

Прво, како што и се очекуваше, официјалното име на играчката конзола од Sony ќе го носи името PlayStation 5, а истата можеме да ја очекуваме идната година, поточно до крајот на годината.

Главната новина која се очекува од PlayStation 5 е воведувањето на Ray Tracing во графиката, нешто што се најавува дека ќе го воведе AMD, со кого и соработуваат од Sony. Ова секако треба да се случи, но шансите се големи со оглед на популарноста на Nvidia и нивните RTX графички.

Она што го најави директорот на Sony SIE во својата статија е целосно нов контролер којшто ќе има нова и понапредна технологија за „haptic feedback“. Промените треба да овозможат многу подобро корисничко искуство и внесување во игрите, преку целосно нови и посебни „реакции“ на контролерот, зависно од ситуацијата.

Интересно е што се најавува и прилагодување на копчињата L2 и R2 зависно од играта, па соодветно и отпорот којшто корисникот ќе треба да го примени за да ги притисне.

До идната година има време, а чекаме да видиме како ќе конкурира и Microsoft со нивниот Xbox.

ИЗВОРSony
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаInstagram го трга „Following“ табот – нема веќе гледање кој што лајкува и следи
Следна статијаInstagram доби темна тема и нов „Create“ дел на Stories камерата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.