Еден од најголемите и најпознатите настани за компјутерските игри, E3, кој за првпат после 2019, односно корона кризата, требаше да биде со физичко присуство, целосно е откажан и нема да се одржи ниту онлајн.

Оваа информација е потврдена од страна на ESA – Entertainment Software Association кои почнале да ги известуваат своите членови за одлуката.

Причината за откажување на Е3 во основа се сведува на недоволно големиот интерес од страна на компаниите, па како што истакнуваат од ESA, тие не биле во можност да го изведат настанот на начин којшто би ја прикажал големината, силата и влијанието во индустријата.

„Ова беше тешка одлука поради сите напори што ние и нашите партнери ги вложивме за да се случи овој настан, но моравме да го направиме она што е правилно за индустријата и она што е правилно за E3. Цениме и разбираме дека заинтересираните компании нема да имаат подготвени демо верзии за играње и дека предизвиците со ресурсите го направија учеството на E3 ова лето пречка што не можеа да ја надминат. За оние кои се обврзаа на E3 2023, жалиме што не можеме да го прикажеме она што го заслужувате и што очекувавте од искуствата со настаните на ReedPop.“ – гласи изјавата за откажувањето на настанот.

Пред откажувањето на настанот, компании како Microsoft, Nintendo, Ubisoft и други, го откажаа своето учество, па може да се каже дека одлуката подоцна не е големо изненадување.

Дел од компаниите веќе одреден период организираат сопствени настани, а во голем дел влијание имаше и префрлувањето на онлајн верзии од настаните, нешто што доста компании продолжија да го практикуваат и по тргањето на „ризиците“ од пандемијата.

Нема информации дали идната година може да се очекува повторно овој настан да се одржи, а реално има време до тогаш.

ИЗВОРEngadget
  • ОЗНАКИ
  • E3
Претходна статијаНова Star Trek серија ќе започне со продукција од идната година
Следна статијаНовата серија Galaxy A54 5G и Galaxy А34 5G влегува на голема врата: Одличен дизајн, иновативност и камера за најдобри фотографии
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.