Во рамките на годинешниот Computex, Nvidia го претстави Nvidia Avatar Cloud Engine, односно ACE, for Games. Се работи за технологија која ќе им овозможи на програмерите на игри, но и сите кои креираат нешто за тие игри, да им дадат живот на NPC карактерите.

Едноставно кажано, оваа технологија ќе има ефект на донесување на ChatGPT кај овие карактери, па корисниците ќе можат да разговараат со нив како со други луѓе и да добиваат прилично интересни одговори.

Сепак, ACE како решение е изработено и развиено од страна на Nvidia, со користење на неколку нивни технологии. Тука е Nvidia NeMo, технологија за развој на големи јазични модели, потоа Nvidia Riva за автоматско препознавање на говорот од играчите, како и Nvidia Omniverse Audio2Face за креирање на анимации на лицето од карактерите врз основа на тоа што го кажуваат.

За да ја презентира оваа нова технологија, од компанијата објавија видео, односно демо кое исто така е тука да ги презентира најновите графички технологии на RTX серијата.

Во видеото играчот Каи разговара со NPC карактерот Џин, во мала сцена креирана само за оваа намена. Каи го прашува Џин како е, а тој му одговара дека не е баш добар, затоа што е загрижен за криминалот во околината.

Видеото, кое има прилично екстремен широк формат, можете да го погледнете во продолжение.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Nvidia
Претходна статијаДознајте како да ги ажурирате поставките за приватност во сите ваши апликации
Следна статијаУспешно реализирана еко-акција на Водно со заедницата за е-трговија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.