Фото: Shutterstock.com

Кога Netflix објавија дека покрај купувањето на неколку гејминг студија, тие ќе основаат и сопствено студио, стана јасно дека од компанијата се сериозни за бизнисот со игри.

Сепак, не било до крај јасно колку се тие сериозни за овој бизнис до објавата на оглас за работа од кој се гледа дека од компанијата не планираат да се задржат само на развојот на мобилни игри.

Според овој оглас, Netflix планираат да започнат со развој на PC игри, односно игри за компјутерите и тоа од таканаречената AAA категорија на игри. Тоа значи дека планираат да развиваат високо буџетни игри кои ќе треба да им конкурираат на најдобрите на пазарот.

Од огласот може да се добие до некаде претстава што да се очекува, па од Netflix бараат човек за развој на „first и third person shooters“, сервиси за стриминг во живо и слично.

Очекувањата се дека позицијата од огласот може да ја добие некоја позната личност која веќе работи на висока позиција во гејминг индустријата.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаСервиси во САД за поднесување на даночни пријави ја користеле Facebook алатката Meta Pixel за собирање на податоци кои треба да останат приватни
Следна статијаСмартфоните може да бидат важна алатка за следење на состојбата на мостовите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments