Фото: Shutterstock.com

Microsoft објави дека го купува едно од најпознатите гејминг студиа, Activision Blizzard, на почетокот од оваа година, а акционерите на студиото ја одобрија понудата подоцна во април.

Ова очекувано и разбирливо го привлекува вниманието не само на гејмерите, туку и на регулаторните тела, а посебно на конкурентите, како на пример Sony.

Познатиот Фил Спенсер од Microsoft Gaming неколку пати излегува да увери дека играта Call Of Duty ќе продолжи да биде достапна на Sony PlayStation, а тие планираат да ја направат достапна и на други конзоли.

За овој случај веќе се започнати разговори во регулаторните тела, а документите кои ги испраќаат од Sony до британските, откриваат неколку информации.

Тоа што ќе ги интересира повеќето корисници на играчки конзоли е дека наредните генерации од PlayStation и Xbox може да се очекуваат после 2027, односно најверојатно до крајот на 2028.

Ова е очекувано ако се земе досегашното искуство, односно временскиот период во кој се пуштаат новите верзии изминатите дваесеттина години.

Од документите може да се види и дека од Microsoft се обврзале дека ќе ја остават достапна Call of Duty до 2027, нешто што би направило голем проблем за PlayStation 6. Корисниците би можеле повеќе да се одлучуваат за Xbox, а не ретко одлуката паѓа на конзолата која има подобар избор на ексклузивни игри.

Сепак, се верува дека документите се постари од изјавата на Фил Спенсер, па можно е корисниците на Sony да останат сигурни во достапноста на игрите од Activision Blizzard.

ИЗВОРGamesRadar
Претходна статијаСмартус Македонија со неповторливи ниски цени за Black Friday
Следна статијаЗапочнува продажбата на HUAWEI WATCH GT 3 SE на македонскиот пазар
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.