Microsoft Flight Simulator конечно ја добива својата најнова и модерна верзија. Истата ќе биде официјално достапна за корисниците на десктоп компјутерите од 18-ти август, а ќе дојде во три различни верзии кои ќе се разликуваат според бројот на авиони и аеродроми достапни во играта.

Прво што можете да забележите од видеото за најава на играта, ако веќе ги немате гледано видеата од тестирањето и развојот на играта до сега, е дека графиката е неверојатно добра и реалистична. Деталите на земјата, авионите, внатрешноста и повеќе, е нешто што е максимално усовршено и направено со најновата достапна технологија за графика денес.

На ова треба да се додаде и можноста за вклучување на време во реално време, сообраќај и животни, со што играта станува навистина реална и одлична за корисниците, од аматерите, до тие кои тренираат да станат пилоти.

Microsoft Flight Simulator ќе биде достапна во три верзии, односно Standard Edition, Deluxe Edition и Premium Deluxe Edition по цена од 59.99 долари, 89.99 долари и 119.99 долари соодветно. Разликите ќе бидат во достапноста на авионите и аеродромите, а целосната листа на аеродроми и авиони е достапна на оваа страна од Microsoft.

Standard Edition ќе биде достапна и „бесплатно“ преку Xbox Game Pass for PC моментално во бета фаза, сервис за игри кој чини 6 долари месечно, кој за жал уште не е достапен во нашата земја.

ИЗВОРMicrosoft/Xbox
Претходна статијаIntel го претстави Thunderbolt 4 стандардот кој изгледа повторно ќе има предност пред најдоброто од USB стандардот
Следна статијаРСБСП со апел: Летото е период кога се зголемува бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.