За време на вчерашната презентација во рамките на E3 настанот, Microsoft најави нов проект на којшто работат веќе одреден период, а истиот е наречен Project xCloud. Се работи за сервис којшто треба да овозможи стриминг на видео игри од серверите на компанијата, на било кој уред, без разлика дали се работи за играчка конзола, компјутер, мобилен телефон или таблет.

Тестирањето на новиот сервис треба да започне идната година, по што ќе знаеме и во кој правец ќе се движи, а поважно, ќе ги имаме и првите тестови и најава за тоа колку ќе чини ова задоволство.

Стримингот на игрите ќе се прави преку серверите на Microsoft, поточно познатата Azure платформа. За оваа намена од компанијата развиваат посебни сервери кои ќе бидат составени од Xbox конзоли, односно со компонентите од конзолата.

Предноста на стриминг на игрите, наместо играњето на самиот уред е голема. Корисниците нема да треба да имаат уред со доволно силни компоненти за да можат да ги играат игрите, затоа што целата процесирачка моќ ќе биде на серверите.

Ова ќе овозможи играње на игри наменети за конзолите и компјутерите на мобилните уреди, а секако сето ова е овозможено и од големите интернет брзини кои се достапни во денешно време во светот.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаFacebook претстави два уреди наменети за видео разговори
Следна статијаMicrosoft ја откри причината за бришењето на податоци при надградбата на October 2018 Update
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.