Microsoft на почетокот од годината ја објави веста дека склучиле договор со Activision Blizzard за купување на оваа компанија и нејзино приклучување кој Microsoft Gaming. Со оглед на популарноста на игрите кои излегуваат од ова гејминг студио, очекувани беа одредени проблеми при процесот на купување.

Покрај стандардното разгледување од страна на регулаторните тела во повеќе земји, еден од најголемите противници на зделката е Sony. Причината за тоа е „стравот“ на компанијата дека со тек на време една од најпознатите игри кои ги прави Activision Blizzard, Call of Duty, веќе нема да биде достапна на PlayStation и ќе им биде ексклузивно достапна на корисниците на Xbox конзолата.

Од Microsoft веќе се обидоа да објаснат дека тие не планираат да ја направат играта ексклузивно достапна само за нивните корисници, а една од „гаранциите“ пристигна и од главниот на Microsoft Gaming, Фил Спенсер.

Поради тоа што проблемите околу купувањето на компанијата не престануваат, па дури има најави дека ќе почнат да излегуваат тужби за прекинување на договорот, претседателот на управниот одбор на Microsoft, Бред Смит, објави текст во Wall Street Journal каде ја брани одлуката.

Според него, купувањето на Activision Blizzard од страна на Microsoft е добро за гејмерите. Тој го користи аргументот дека нивниот Xbox е на третото место на пазарот, па купувањето на компанијата ќе им овозможи подобро да се натпреваруваат со поголемите играчи и да им овозможат на корисниците иновации.

Смит ги истакнува Sony како најгласниот противник на договорот и нивната реакција ја споредува со таа на Blockbuster во времето кога Netflix почна да стануваат познати.

Додатно, тој истакнува дека нема логика тие да ја направат ексклузивно достапна Call of Duty само за нивните корисници и со тоа да се откажат од милионите корисници на другите платформи. Тука е и можноста за играње на играта од различни платформи.

Смит истакна и дека тие им понудиле договор на Sony преку кој ќе се гарантира достапноста на Call of Duty во наредните 10 години. Договорот би бил направен така да може да биде спроведен од страна на регулаторните тела во САД, Британија и Европската Унија.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаNothing Phone (2) нема да биде претставен наскоро
Следна статијаEnergy Intelligence го отвори новиот изложбен салон во Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.