Веќе и не е тајна дека најголемиот играч во светот на играчките конзоли во 80-тите години од минатиот век, Atari, планира да се врати на пазарот со нова конзола која ќе потсетува на Ataribox и која компанијата потврди дека ќе биде лансирана на Indiegogo наредната пролет за цена од 250-300 долари, што и не е премногу, особено споредено со Playstation 4 Pro и Xbox One X, а конкурентно и со Nintendo Switch.

Засега нема детални информации за конзолата и за тоа какви перформанси ќе понуди, но за среќа тоа нема да биде само преправена верзија на стариот Ataribox, на кој ќе може да се играат игрите од 80-тите. Напротив, Atari конзолата ќе има специјален процесор и графички процесор направен од AMD за нивната конзола, исто како што имаат Playstation и Xbox, како и Linux оперативен систем.

Каква верзија на овој систем ќе има Atari е сѐ уште рано да се каже, но најавено е дека ќе може да се играат игри и од други платформи, а корисникот ќе може и да прави промени во самиот оперативен систем, што значи дека оваа конзола ќе биде наменета повеќе за PC гејмерите, односно оние кои сакаат да имаат поголема контрола на тоа како ќе ги играат игрите.

Исто така, благодарение на Linux оперативниот систем, Atari ќе биде и своевиден компјутер за дневната соба, заедно со цела плејада на апликации и сервиси.

Како и да е, нов играч на сцената на играчки конзоли е секогаш добредојден, а тоа особено важи за историски важно име како Atari, кое сѐ уште има голема тежина и често се употребува во Sci-Fi филмовите.

Извор: Engadget, Venture Beat, Kotaku

Претходна статијаВо Дубаи тестиран првиот автономен, летачки такси сервис
Следна статијаMicrosoft Teams целосно ќе го замени Skype for Business