Shutterstock.com

Центарот за развој на производи на IKEA во Шангај, Кина, во соработка со еден од најпознатите брендови во гејминг индустријата, ROG – Republic of Gamers, бренд на исто така познатите Asus, ќе почне со изработка на мебел и други додатоци за гејмерите.

Покрај тоа што се истакнува дека ќе бидат претставени 30 производи, од компанијата не даваат повеќе детали, односно не е познато што може да се очекува. Секако, може да се претпостави за дел од производите, односно сигурно ќе бидат достапни одредени бироа, столчиња и слично, но има доста до бројката од 30 за да може да се знае што точно да се очекува.

Овие производи прво ќе бидат претставени во Кина на почетокот од идната година, поточно се најавуваат за февруари 2021, додека светската достапност се најавува за октомври 2021.

Тоа што може да го очекуваат корисниците е дека производите треба да бидат во категоријата на лесно достапни, односно поевтини производи кои би требало сите да можат да си ги дозволат.

Може да се заклучи дека гејмингот станува се повеќе популарен, а оваа година многу помогна за тоа COVID-19 кризата која ги „натера“ многу луѓе почесто да седат дома, па и да работат од дома. Според IKEA во светот скоро една четвртина од населението се гејмери, односно 2,5 милијарди луѓе, а исто така истакнуваат дека е погрешно верувањето дека гејмери се во главно машки, како и тоа дека игрите придонесуваат кон насилство, асоцијалност и слично.

Веќе можевме да видиме слично партнерство помеѓу познатите Logitech со исто така познатата компанија за столчиња Herman Miller кои претставија нова верзија од веќе познатото канцелариско столче од компанијата, прилагодено за гејмерите.

ИЗВОРIkea
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаApps функцијата на Your Phone достапна за повеќе Samsung телефони
Следна статијаMozilla ги откажува Firefox Send и Firefox Notes сервисите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.