Изгледа дека пуштањето на Google Play Games за Windows компјутерите се ближи, со проширувањето на достапноста на тестот кај сите корисници во земјите каде што оваа апликација веќе се тестира.

Досега, во земјите кои Google ги избра за тестирање на апликацијата, Play Games им беше достапен само на ограничен број, поканети корисници. Сега во овие земји сите заинтересирани корисници можат да ја инсталираат апликацијата и да ги пробаат Android игрите на нивните десктоп компјутери.

Кога може да се очекува официјално пуштање на апликацијата или барем проширување на бета тестирањето во повеќе земји, не е познато.

На Google Play Games за Windows не се достапни сите игри кои ги има на Android, па на корисниците во оваа тест фаза им се достапни нешто повеќе од 50 игри. Ова е доволно за да се тестира апликацијата и да се добие претстава што да се очекува.

Оваа апликација на Google се развива посебно од Windows Subsystem for Android, начинот на којшто Microsoft ги донесува Android апликациите на Windows, исто како што тоа го направи со Windows Subsystem for Linux.

Од големата најава на Microsoft уште од минатата година сега за сега нема ништо посебно, иако тест од достапноста на Android апликациите на Windows 11 им е достапен на корисниците во САД.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаА1 Македонија со најдобрата A1 Combo понуда
Следна статијаССК: Потребна е сериозна државна поддршка за справување со енергетското цунами
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.