Според многумина (почнувајќи од мене), најлегендарниот сериал кој се занимава со first-person shooter жанрот, а обработува теми во рамките на реалноста Call of Duty, ко-неч-но, се враќа на корените со своето најново продолжение!

 

Според најавите последното продолжение (14-то или 15-то, по ред, кој уште ги бори…) повторно се враќа кон примарната тематика по која најголемиот број играчи всушност ја паметат играта, Втората светска војна. Се очекува официјалната промоција да се одржи на 26-ти април во 1 часот попладне според источно американско време. Сите заинтересирани ќе можат да го следат настанот во живо на официјалната веб-страна CallofDuty.com.

Своето место во историјата за многумина кои гејмингот го доживуваат како дел од животот, популарниот CoD го обезбеди уште во 2003-тата кога беше претставено првото издание на играта. Неколку години се водеше мртва трка со конкурентите кои до тогаш неама понудено ништо спектакуларно, се до доаѓањето на Call of Duty: World at war, кога беа поставени стандардите за новото гејминг искуство. Ефектите, фабулата на приказната и незаборавните „cinematic“ елементи го оддалечија Call of Duty од конкурентите на кои им беше потребно многу за да фатат приклучок со она што тогаш го понудија InfinityWard и Activision.

Низ годините играта се оддалечи во тематиката, обработувајќи теми од иднината, Студената војна и сл. меѓутоа никогаш не разочара со квалитетот и интересноста на самите изданија. Во круговите на љубители на играта подолго време се споменуваше потребата од враќање кон изворните тематики односно боиштата за време на Втората светска војна. На последното издание работат некои од ветераните како Treyarch и Infinity Ward но овој пат, водечката улога ја превзема досега помалку споменуваното студио Sledgehammer. За исте детали околу „премиерата“ и самата игра, љубителите ќе мора да почекаат до 26-ти април, кога истите ќе бидат соопштени.

Извор: Engadget

Претходна статијаGoogle ќе вклучува Ad Blocker во идните верзии на Chrome
Следна статијаПретставување: Leef iBridge 3 е премиум уред, кој ќе го зголеми капацитетот за податоци на вашиот iPhone или iPad