Screenshot 2014-02-21 11.44.15

Од денес корисниците постепено ќе почнат да забележуваат промени во веб верзијата од YouTube. Иако не се работи за целосен редизајн, односно сервисот сеуште го носи препознатливиот изглед и навигација, тој сепак претрпи одредени промени.

Изгледот на YouTube сега е повеќе во согласност на Google Now стилот, односно кориснички интерфејс организиран во форма на карти на кои што се прикажуваат информациите. Исто така страната е подредена во центарот, односно видеата и информациите се наоѓаат на центарот на страната, наместо досегашното лево позиционирање. Ова според Google ќе овозможи изглед во согласност со мобилните верзии на кои што корисниците поминуваат повеќе од половина од времето поминато на YouTube.

На десната страна од главната страна е прикажана лента на која што се прикажани вашите Playlist-и, како и каналите кои што ги следите. Истата можете да ја прикажете или сокриете преку новото копче десно од YouTube логото, што му дава на дизајнот многу почист изглед насочен кон содржината. Кога гледате некое видео, стискањето на копчето лентата ја отвора само во форма на мени, па нема да зазима простор и да одвлекува внимание.

Следењето и менувањето на вашите Playlist-и е поедноставено со поставувањето на истите на лентата на десната страна и преку редизајнирана страна за нивно менаџирање која што е многу поедноставна и интуитивна за користење. Исто така на лентата се прикажани и Playlist-ите кои што ги следите од други корисници. Наоѓањето на Playlist-и од други корисници е поедноставено преку додавањето на посебен Playlists таб на страната од корисниците.

ytblogimage1

Според нас поставувањето на Player-от на видеата во центарот од екранот е можеби најдобрата промена, посебно за корисниците на поголеми екрани каде што гледањето на видеа на левата страна го правеше гледањето не толку погодно.

Извор: YouTube Blog

Претходна статијаUbuntu 14.04 ќе воведе менија на самиот прозорец од апликацијата
Следна статијаSteve Jobs поштенска марка во 2015
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.