you-tube-897421_640

Кратка недостапност на познатите сервиси како Facebook и слични не е нешто што е непознато за корисниците иако ретко се случува. Поради реткоста на ваквите случаеви, а и огромниот број на корисници кои се буквално зависни од овие сервиси, нивната недостапност привлекува големо внимание.

Денеска за првпат после подолг период, недостапна беше страна на YouTube. Сервисот беше недостапен во поголемиот дел од светот, а проблемот можеме да го потврдиме и ние.

Повеќе информации за тоа што го има предизвикано прекинот на YouTube, кој траеше околу 15тина минути, нема, но се верува дека сепак не се работи за некаков напад на мрежата или слично. Според информациите, се работи за рутинска работа околу сервисот.

Корисниците кои се обиделе да ја отворат страната, но и тие кои веќе биле вклучени, почнале да добиваат информација за грешка, нешто што барем за овој сервис е ретко, а повеќето корисници го немаат видено до сега.

YouTube веќе функционира без дополнителни проблеми, а и не се очекува повторување на прекинот, барем не веднаш.

Сервисот во сопственост на Google досега се има покажано како навистина стабилен, па ваквите проблеми скоро и се немаат случено досега.

Извор: TechCrunch, Mashable, TNW, BGR

Претходна статијаApple ќе продава електрична енергија произведена од обновливи извори
Следна статијаBasslet е алка која ќе направи да го почувствувате басот од вашата музика
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.