Во октомври минатата година, поради верувањето на Елон Маск дека естетски подобро изгледа, X мрежата го промени форматот на споделените линкови. Наместо, како што беше дотогаш слично на Facebook, од споделениот линк да бидат повлечени сликата, а под неа насловот и мал дел од текстот, X започна со прикажување само на сликата и доменот од страната врз неа.

Иако корисниците можат да го стават насловот во самата објава, сликата обично не е баш веднаш очигледно дека е линк до статија, па не ретко се случува да се притисне на истата мислејќи дека истата само ќе се зголеми.

Од мрежата сега започнаа со мала измена на овој дел, па наместо само доменот, врз сликата сега ќе стои насловот на статијата. Ова не би рекол дека ја враќа практичноста и прегледноста на стилот од порано, но секако е доста подобро од прикажување само на доменот.

Насловот стои во долниот дел, на местото на доменот, а е со не така големи букви, па можеби некои корисници и ова нема да можат лесно да го забележат, иако привлекува поголемо внимание.

Доколку насловот е доволно долг, истиот ќе биде скратен со три точки, односно нема да биде прикажан целиот.

Промените постепено се пуштаат, па моментално истите се достапни преку веб, но не и на мобилните апликации.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаДали Apple ќе успее да го направи Mac добра „гејминг“ алтернатива на „PC“
Следна статијаGalaxy S24 серијата ќе биде претставена на 17 јануари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.