Корисниците на Premium претплатата на X добиваат уште една нова ексклузивна можност, а може да се каже и дека полека почнува да има смисла постоењето на оваа претплата.
Делот од профилот каде може да се видат сите објави кои ги има „лајкнато“ корисникот, сега ќе може да се сокрие, односно да се тргне и да не се гледа. Видливоста ќе остане само за корисникот, а објавите ќе бидат сокриени и од API алатките на мрежата.
Оваа нова можност е одлична за корисниците кои не сакаат да може да се види какви се објави имаат „лајкнато“, можеби поради одржување на углед од страна на познати личности или кои и да се други причини.
Постоењето на една ваква можност иако е добра за приватноста на корисниците, сепак може да се каже дека е до некаде барем дискутабилна. Јавните личности кои „продаваат“ одредени вредности, лесно може да испадне дека не се баш такви како што се претставуваат, а листата со „лајкови“ е добар начин тоа се види.
Како и да е, „лајковите“ нема да бидат сокриени од самите објави, што значи дека сепак доколку некој ја разгледува листата со „лајкови“, ќе може да ги види и имињата на профилите кои го имаат сокриено тој дел.