Мора да се признае дека Елон Маск направи мал хаос со Twitter Blue претплатата кога ја купи оваа мрежа. Истата ја поврза со сината ознака која дотогаш означуваше дека одреден профил е проверен и е во сопственост на тој што тврди, па претплатата дури мораше да биде повлечена одреден период пред да се испеглаат проблемите.
Сега корисниците можат да изберат да на профилот не им се прикажува сината ознака, па доколку не се работи за одредена позната личност или слично, непотребно да не се истакнува фактот дека корисникот плаќа за X Blue, како што сега се нарекува претплатата.
Може да очекуваме дополнителна промена на познатата Twitter мрежа, секога кога и официјално веќе не постои тој бренд, а Маск реши да отиде во правец на едноставното и неговото омилено име, X.
Мрежата останува како еден вид на „дигитален плоштад“, како што сака да ја нарекува Маск, а во иднина може да се очекуваат додатни функции, како платежен систем, како и се поголемо значење да се дава на видео содржината и креаторите на истата.