Фото: Shutterstock.com

Елон Маск го купи Twitter минатата година за 44 милијарди долари, но според информација од него испратена до вработените, мрежата сега вреди околу 20 милијарди. Меморандумот кој бил испратен до вработените и неофицијално објавен, што значи дека сепак овие информации не се точно потврдени.

Иако Маск плати нешто повеќе од пазарната вредност на компанијата, сепак падот на вредноста постои, доколку овие бројки се точни. Може да се претпостави што е причината за оваа ситуација, а истата е директно поврзана со Маск лично.

Одреден дел од јавноста не се согласува со Маск и неговите ставови, па веќе непотребно беа повлечени одредени огласувачи и инвеститори, слободно може да се каже како притисок до „екстремната левица“ во САД.

Од друга страна, факт е и дека Маск доведе до одредена забуна во начинот на функционирање на компанијата, па нормално е во таква ситуација да падне вредноста на акцијата.

Во меморандумот испратен од страна на Маск до вработените се истакнува дека тој планира компанијата да има пазарна вредност од 250 милијарди долари, што е за нешто повеќе од десет пати повеќе од сегашната.

Како оваа цел Маск планира да ја оствари и дали е реално да се очекува такво нешто, ќе видиме во годините што следат.

Минатата недела Twitter Blue претплатата стана достапна во целиот свет. Ова е еден од плановите на Маск за поголеми приходи на мрежата, но мора да се признае дека утна со намалувањето на вредноста и значењето на сината ознака.

ИЗВОРThe Guardian
Претходна статијаHuawei Mate X3 e потенок, полесен и целосно редизајниран уред на преклоп
Следна статијаФИТР со нов јавен конкурс за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.