hero-bg-home

Virtru е сервис кој што прави енкрипција на вашата email комуникација со што врши заштита од читање на пораките од страни кои што не треба да ги читаат. Поддршка за енкрипција на пораките има за webmail сервисите како, Gmail, Outlook, Yahoo Mail, но и за десктоп клиентот Outlook. Енкрипцијата се прави преку инсталирање на додатоци, на вашиот интернет прелистувач за webmail сметките и за Outlook програмата на вашиот десктоп, а планирана е поддршка и за Mac Mail. Додатоците за интернет прелистувачите моментално се достапни за Firefox и Chrome, со најава за поддршка и за Safari и Internet Explorer. Исто така достапни се апликации за Android и iOS.

Сервисот работи на тој начин што врши енкрипција на пораките кои што ги испраќате на вашиот уред користејќи го TDF (Trusted Data Format). Сепак клучевите за енкрипција и декрипција се чувани на серверите од сервисот поради поедноставување на процесот за крајниот корисник, па можноста за отворање на пораките по налог на властите останува како можност. Virtru сервисот по испраќање на пораката врши проверка дали примачот е тој што треба, по што му дозволува да ја види оригиналната порака, односно да изврши декрипција на истата.

imageArchitecture

Она што е интересно кај сервисот е што ви ја дава можноста да ги одземете привилегиите од пратената порака на примачот, па тој повеќе да не може да пристапи до истата. Исто така преку контролен панел можете да ги следите пораките, односно да видите дали истите се прочитани од страна на примачот и дали се препратени на некој друг.

На Virtru сервисот можете да се регистрирате и да почнете да го користите преку следниот линк, каде што се достапни сите потребни додатоци и апликации.

Претходна статијаSamsung го смени одговорниот за дизајн на мобилните телефони
Следна статијаЖените се најголемите корисници на Pinterest
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.