Фото: Shutterstock.com

Не е првпат да се прочита за можното повторно зголемување на ограничувањето кое го има Twitter на карактери во објавите. Оваа мрежа е и позната по истото, а и ја прави тоа што е, односно потребата од пократко изразување ги прави „твитовите“ посебни и различни од останатите мрежи.

Дека се планира зголемување на ограничувањето дојде како потврда директно од Елон Маск, кој кратко одговори со да на прашањето дали е вистина дека Twitter ќе го зголеми ограничувањето на карактерите од 280 на 4000.

Одговорот, на кој остана Маск, не открива ништо повеќе, односно за кога е планирана оваа промена, дали ќе има одредени правила и слично.

4000 карактери е големо зголемување и се поставува прашањето дали тоа може да го промени стилот на мрежата. На почеток ограничувањето беше на 140 карактери, а истото беше зголемено на 280 во 2017.

Најави имаше дека корисниците ќе можат да објавуваат подолги текстови, а со тоа ќе се тргне потребата од објава на слики од текст. Дали оваа промена е нешто во тој правец, ни делува дека ни во Twitter уште не се 100% сигурни.

Засега, покрај објавата на слики, главен начин на објава на подолг текст е преку објава на повеќе „твитови“ еден по друг, што не е лош начин и функционира одлично.

Претходна статијаТим Кук ги објави Sony како долгогодишен партнер за сензорите во камерите на iPhone
Следна статијаGoogle Chrome добива две нови функции за заштеда на батеријата и ресурсите на компјутерите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.