Процесот на префрлување на основните системи од Twitter.com на X.com конечно е завршен, објави Елон Маск преку неговиот X профил.

Со ова може да се каже дека официјално е ставен крајот на Twitter брендот кој се’ уште постоеше преку домените кои се користеа, иако стариот домен е тука да пренасочи кон новиот.

Од корисничка страна оваа новина не прави некоја разлика, а апликациите и страните продолжуваат да функционираат исто како и досега.

За потсетување, Елон Маск го купи Twitter пред две години, по повеќе месеци на проблеми кои се јавија во процесот и кој конечно заврши во октомври 2022.

Покрај критики од одредени страни, може да се каже дека Twitter, односно X, сега функционира слободно без никаква цензура и пристрасност кон некоја од политичките страни во САД или разните движења.

Претходна статијаVMWare ги направи своите Hypervisor Pro десктоп апликации бесплатни за користење
Следна статијаЗапочна да функционира системот за заштита од несакано следење преку мали Bluetooth уреди на Apple и Google
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.