Фото: Shutterstock.com

Twitter станаа доста „активни“ околу тоа за што се користи нивната мрежа од страна на корисниците. Тие веќе почнаа да ги означуваат одредени објави кои сметаат дека не се точни, носејќи ги корисниците кои ќе притиснат на ознаката на страна со други објави и статии кои го побиваат тврдењето. Најнова категорија на објави кои се означуваат на Twitter се тие кои ја поврзуваат 5G технологијата со ширењето на новиот коронавирус.

Сега Twitter продолжува со почнување на тест кај Android корисниците, за кој тие кажуваат дека има за цел да промовира информирана дискусија.

Тие ќе се обидат да корисниците ја имаат оваа повеќе информирана дискусија преку известувања да ја прочитаат статијата која сакаат да ја споделат, пред да го направат истото.

Тоа значи дека доколку некој сака да сподели некоја статија на Twitter, а истата ја нема отворено преку оваа мрежа, ќе добие потсетник да ако сака, прво ја прочита пред да продолжи со нејзиното споделување.

Од компанијата истакнуваат дека тие нема да следат дали корисникот ја има отворено статијата на друго место, туку само преку нивната мрежа.  

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаКамерата кај Huawei P40 Pro ја продолжува „традицијата“ по која се познати уредите од оваа компанија
Следна статијаMicrosoft планира претставување на Surface Duo пред претставувањето на Samsung Galaxy Fold 2
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.