twitter_logo

Twitter преку нивниот блог информираа дека во наредните месеци ќе воведат неколку новости на социјалната мрежа, меѓу кои и промени кои ќе овозможат подобро искористување на ограничувањето од 140 карактери.

Подоброто искористување на ограничувањето ќе се постигне со тоа што одредени работи ќе бидат тргнати од броењето на твитот. Поточно, имињата на корисниците, @smartportalmk, веќе нема да бидат броени како дел од достапните 140 карактери. Исто така, нема да се брои и прикачената содржина како слики, видеа, гифови и слично.

Не броењето на корисничките имиња значително ќе го зголеми просторот, посебно во ситуациите кога се одговара на повеќе луѓе. Корисниците на овој начин многу подобро ќе може да се изразат, а ние би прашале зошто ова не беше дел од мрежата многу порано, ако не од самиот почеток.

Покрај овие промени, Twitter најави дека ќе овозможи корисниците да можат да си направат retweet и quote на самите себеси, односно на сопствените твитови.

Тргната ќе биде и потребата од ставање на точка пред корисничкото име при објавување на твит кој треба да биде достапен на сите.

Овие новини нема да бидат овозможени веднаш, односно ќе поминат неколку месеци. Во меѓувреме од Twitter истакнуваат дека има оставаат простор на програмерите да ги прилагодат своите апликации и други сервиси кои го користат API-ти на социјалната мрежа.

Извор: Twitter, The Verge

Претходна статијаЖивеењето покрај море е добро за менталното здравје
Следна статијаPyramid Flipper е „2 во 1“ Windows 10 уред кој е целосно дизајниран од заедницата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.