Фото: Shutterstock.com

Twitter можноста за гледање на статистики поврзани со секоја објава, нешто што го има кај бизнис сметките, ја пушти за сите корисници. Сега секој може да притисне на новото копче под нивните објави и да види колку пати таа објава е видена од следбениците и слично.

Елон Маск излезе со информација, по додавањето на ваквата можност, дека објавите многу повеќе се читаат во споредба со тоа колку „лајкови“ добиваат. Според него, објавите се читани околу 100 пати повеќе од бројот на „лајкови“ што го добиваат.

Ова не е нешто што изненадува, со оглед на тоа што има голем број на корисници кои друштвените мрежи ги користат за читање на информации, но не се активни, односно ретко „лајкуваат“, а и не објавуваат ништо.

Маск со оваа информација повеќе сака да каже дека Twitter има многу повеќе корисници кои ја користат мрежата, па бројот на лајкови не треба да биде мерката за тоа.

Претходна статијаИзрази ја својата уметничка страна со Samsung Galaxy Tab S8
Следна статијаЗасадени 40.000 дрвја во големата акција за пошумување „СОНЧЕВА ГОРА“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.