Фото: Shutterstock.com

Twitter планира да воведе можност за објава на цели статии директно на платформата, нешто што сигурно ќе биде достапно само за претплатниците на Twitter Blue.

Ваквата можност на мрежата ќе направи доста голема промена во нејзиниот стил кој е познат уште од самиот почеток по кратките објави со ограничена должина. Ограничувањето започна со познатите 140 карактери, а сега е зголемено на 280, додека претплатниците на Twitter Blue имаа можност за објава до 10.000 карактери.

Најавата за оваа новина дојде директно од Елон Маск, како одговор на корисник кој има забележано дека Notes функцијата е преименувана во Articles.

Нема информации кога може да се очекува пуштањето на оваа новина, а ќе видиме и на кој начин ќе ја искористуваат корисниците кога ќе им стане достапна.

Инаку, објавата на цели статии очекувано ќе вклучува можност за додавање на слики и други видови на додатоци, па со ова може да се каже дека Twitter ќе навлезе во територијата на WordPress и сличните.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаNetflix започна со кратење на можноста за споделување на лозинката со пријателите во Македонија
Следна статијаДва бронзени медали на Европската олимпијада по информатика за девојки која се одржува во Лунд, Шведска
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.