splash_bg

Periscope е апликација за iOS која што е во развој веќе една година. Twitter ја купи компанијата која што стои зад нејзиниот развој во Јануари за сума која што се верува дека е околу 100 милиони долари.

Оваа недела апликацијата е официјално достапна за корисниците на iOS, а се најавува и достапност на Android во иднина. Апликацијата е директна конкуренција на Meerkat која што се покажа како доста популарна во САД.

Periscope ви овозможува да започнувате видео стриминзи во живо кои што потоа можат да бидат следени преку другите корисници на апликацијата или преку Twitter. Предноста на оваа апликација од конкурентот е што стримовите ги снима и им се достапни на корисниците да ги гледаат во наредните 24 часа, а се разбира корисникот може да ги избрише во било кое време.

periscope-ios-screens

При гледање на стримингот во живо, корисниците можат да испраќаат коментари, како и срца кои што се еден вид на лајк на видеото. Поголемиот број на срца овозможува видеата да бидат повисоко на листата на најдобри видеа.

Корисниците исто така имаат можност да го направат стримингот приватен со што ќе биде прикажан само на избраните корисници.

Социјалните мрежи, а посебно Twitter се покажаа како клучни во пренесувањето на вести од терен во вонредни ситуации. Такви ситуации вклучуваат протести, војни, природни непогоди и слично. Испраќањето на слики во живо од настаните стана стандарден начин за известување од вакви ризични локации, па можноста за видео стриминг во живо сигурно е нешто што ќе се покаже како навистина корисно.

Се разбира ваквите апликации ја наоѓаат својата намена и во повеќе ситуации, па корисниците сигурно ќе ги користат и за многу „неважни“, но интересни преноси во живо.

Апликацијата е достапна преку продавницата за апликации на Apple и можете да ја видите преку следниот линк.

Извор: The Verge, TNW

Претходна статијаТретото издание на Codefest ветува возбудлив настан овој Април
Следна статијаMicrosoft ќе дозволи и други компании да учествуваат во развојот на новиот прелистувач
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.