Фото: Shutterstock.com

Twitter официјално го менува карактеристичниот стил на мрежата со доста големо покачување на ограничувањето на бројот на карактери што може да го содржи една објава. Од почетните 140 кои ја направија оваа мрежа доста поразлична од другите, ограничувањето беше зголемено на 280, што во основа не промени многу.

Сега, корисниците ќе можат да објавуваат до 4000 карактери, а со тоа се трга и потребата од објава на повеќе „твитови“ кога се има да се каже нешто повеќе.

Оваа можност, покрај тоа што сега е достапна само на корисниците во САД, достапна им е и само на претплатниците на Twitter Blue.

Додавањето на оваа можност претставува големо подобрување на Twitter Blue претплатата која според информациите нема многу корисниците кои ја користат. Можноста за поголеми објави може да привлече повеќе претплатници кои имаат што да кажат, а тоа обично е во подолга форма.

За да не се „расипе“ изгледот на листата со новости, објавите ќе продолжат да прикажуваат до 280 карактери, а тие кои се поголеми ќе може да се прочитаат со притискање на копчето за повеќе.

Обичните корисници, кои сега не можат да објавуваат до 4000 карактери, ќе можат да ги споделуваат овие објави и да ги лајкуваат и слично.

Претходна статијаМакедонски Телеком овозможи бесплатни разговори и СМС кон Турција и Сирија
Следна статијаGoogle ја пушти првата верзија од Android 14 за програмерите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.