Фото: Shutterstock.com

Во оваа фаза не можеме да знаеме какви промени ќе донесе Елон Маск, доколку официјално помине неговото купување на Twitter. Во главно очекувањата се дека тој ќе стави крај на буквално цензурата која се случува изминатите години под влијание на групи кои сметаат дека тие го имаат правото да одлучуваат што е вистина, а што не, односно што смее да се објави и што не.

Едно е сигурно, на површина излегоа сите кои лажно тврдат дека се залагаат за демократија и слобода на говор, па се сметаат како загрозени со најавите дека Маск ќе им овозможи на сите простор каде ќе можат да кажат нешто.

Тој посебно истакна дека слободата на говор ја гледа во рамките на законите, односно не смета дека секој може да каже баш што сака, па останува правилото дека нема да може да се објавува говор на омраза, насилство и слично.

Додека не видиме како ќе го води Twitter Елон Маск, немаме причина зошто не би верувале дека работите може да се придвижат во добар правец.

Овој став не го делат во главно луѓето од левата страна на политиката во САД, па дел од вработените во Twitter биле спремни да го уништат кодот на мрежата поради нивното незадоволство со промените во сопственоста на компанијата.

За среќа кодот бил навремено заклучен и сега никој во компанијата нема право на неговата промена без претходна дозвола.

Оваа информација неофицијално ја објавува Bloomberg, па ќе видиме што ќе се случува до официјално одобрување и завршување на промената на сопственоста на Twitter.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаТелевизорите на Samsung за 2022 година добија сертификат за намалување на емисијата на CO₂ доделен од Carbon Trust
Следна статијаPlay Store ќе почне подетално да прикажува кои информации ги собираат апликациите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.